Поврзете се со нас

Свет

Томовски и Лудвигсхафен останаа без победа во последната секунда, шокантен пораз на Вецлар на Миркуловски

Објавено

на

Лудвигсхафен и Вецлар на нашите репрезентативци Мартин Томовски и Филип Миркуловски не успеаа да забележат победи на вечерашните средби од 34. коло во Бундеслигата.

Мартин и Лудвигсхафен беа на чекор од значаен триумф над Лајпциг во битката за опстанок, но гостите на две секунди до крајот погододија преку Рамке и се изборија за реми од 27-27. Нашиот Томовски немаше свој ден и забележа само две одбрани, прв стрелец на дуелот беше неговиот соиграч Вагнер со 8 голови.

Филип и Вецлар пак беа шокирани во својот дом од една од најслабите екипи во лигата Есен. Гостите го надиграа фаворизираниот домаќин во двете полувремиња и се изборија за конечно славје од 30-26.

Ова за Есен е само 6 победа во 35 сезонски натпревар, победа во која ги предводеше Игнатов со 7 погодоци.

Ветеранот Миркуловски реализираше еден од двата обиди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни