Свет
Томовски и Лудвигсхафен ја прокнижија првата домашна победа во Бундеслигата

Лудвигсхафен на македонскиот репрезентативец Мартин Томовски забележа победа над Минден од 30-24 во денешниот меч од Бундеслигата.
Домашниот тим го најави триумфот уште во првиот дел во кој направи предност од пет голови (15-10), предност која ја сочува со квалитетна игра и во вторите 30 минути. Тројца играчи на Лудвигсхафен дадоа по седум гола и тоа Дурак, Мапес и Валиулин, додека на голот блескаше ветеранот Шкоф со 14 одбрани.
Нашиот Томовски со оглед на изданието на Шкоф не доби многу шанса, одигра помалку од 4 минути во кои немаше ниту една интервенција.
За Томовски и компанија ова беше прво славје на домашен терен, второ во шампионатот со што со вкупно 5 бода се на 17 позиција.

- Англијапред 23 часа
Овен и Бербатов согласни: Ливерпул нема да го победи Јунајтед во дербито на колото во ПЛ
- Италијапред 21 час
Лацио го доби големото дерби, Ана го исполни ветувањето и се соблече гола (ФОТО)
- Англијапред 21 час
Салах: Кој ќе ја освои титулата во Англија? Ситуацијата е…
- НБАпред 23 часа
Адетокумбо постави анти-рекорд, Лејкерс дојде до петтата победа во низа (ВИДЕО)
- Одбојкапред 17 часа
Одбојкарите повторно покажаа „спартанско срце“: Македонија ја надигра Турција и се пласираше на ново ЕП!
- Светски првенствапред 16 часа
Брестовац ја посочи главната причина за двата тешки порази од Шведска и Египет
- НБАпред 22 часа
Никако да заврши кошмарниот период за ѕвездата на Минесота: Ви ветувам дека нема да завршам во ковчег (ФОТО)
- Светпред 18 часа
Дешамп: Тоа што го изјави Бензема е неприфатливо, никогаш нема да му простам!