Поврзете се со нас

Свет

Томовски и Лудвигсхафен ја продолжија лошата серија на Штутгарт

Објавено

на

Мартин Томовски и неговите соиграчи од Лудвигсхафен остварија важна победа над Штутгарт на Жарко Пешевски (28:24), додека Вецлар и Филип Миркуловски триумфираа на дуелот против Фуксе Берлин (29:27).

Лудвисхафен се бори за опстанок во германската ракометна Бундеслига, па бодовите освоени против Штутгарт се посебно важни, а македонскиот репрезентативен голман забележал 6 одбрани, кои биле надополнети со 7 успешни интервенции на неговиот колега Шкоф.

Пешевски во офанзивниот дел учествувал со само 1 гол во дресот на Штутгарт, екипа која ја продолжи серијата порази во домашното првенство.

Вецлар го доби дербито со Фуксе Берлин по одличното прво полувреме по кое водеше со 15:10, за на крајот да ја задржи предноста и да стигне до трета победа по ред во Бундеслигата.

Миркуловски не упатил удар кон противничкиот гол, а најефикасен бил Рубин со 9 голови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни