Томовски го засени Буриќ, неговиот тим го шокираше Флензбург

martin

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски го имаше својот најдобар настап во бундеслигашот Лудвигсхафен, овозможувајќи му голема победа над фаворитот Флензбург (25:23).

Томовски настапи само 16 минути, но во истите забележа 4 одбрани со успех од 44 проценти, а три од нив ги реализираше во самиот финиш во кој се кршеше резултатот.

Томовски имаше најдобар процент меѓу голманите на двете страни, а неговиот попознат и поискусен колега од спротивната страна, Бенјамин Буриќ мораше да се задоволи со 7 одбрани и имаше процент на одбрани од 31,8 проценти.

Најефикасен во редовите на победникот Лудвигсхафен бил Валиулин со 8 голови, додека кај Флензбург по 5 голови постигнале Ласе Свен, Ред и Готфридсон.

За Лудвигсхафен и Томовски ова е само трета победа сезонава и засега се на претпоследното место на табелата во германската Бундеслига.

Филип Миркуловски и Филип Талески доживеаја порази со Вецлар, односно Ерланген, а нашите интернациооналци постигнале по 2 гола на овие две средби со Фухсе Берлин и Хановер.

Facebook Коментари