Поврзете се со нас

Македонија

Томовски ги откажа младите играчи на Алкалоид, Вардар останува перфектен

Објавено

на

Foto:facebook.com/rkvardar

Ракометниот клуб Алкалоид го претрпе вториот пораз во тековната натпреварувачка сезона, а и вториот пристигна по пресметка со актуелниот македонски првак Вардар.

„Црвено-црните“ се намачија за да го добијат тимот на Кирил Лазаров на натпреварот на домашен терен кој се одигра во месец септември, но денеска ги искористија сите грешки на неискусните ракометари и се изборија за рутинска и лесна победа.

Вардар тргна со плус четири уште на самиот старт и водството од 1:5 во Автокоманда беше најава за полетна игра на гостите, кои по 30 минути игра дојдоа до преднос од осум голови (7:15).

Искусните играчи на Владо Недановски не се поколебаа и покрај директниот црвен картон на Лазаревски, па во вториот дел без многу мака ја одржуваа предноста и се изборија за триумф од 22:30.

Лидери во нападот беа Куни Моралес и Филип Талески со по шест гола, пет постигна капитенот Стојанче Стоилов, додека на голот брилјираше Мартин Томовски кој собра 12 одбрани во првиот дел.

За Вардар ова беше 11-та победа на 11-от натпревар во групата А во Суперлигата, додека Алкалоид е сигурен на второто место и покрај вториот пораз од шампионот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни