Поврзете се со нас

Македонија

Томовски до УЕФА: Има простор за подобрување на правилата

Објавено

на

Македонскиот фудбалски работник, Драган Томовски, преку прес-конференција ги изнесе своите идеи за унапредување на фудбалската игра, кои веќе се испратени до УЕФА и до ФИФА.

Поранешниот директор на ФК Вардар даде свои предлози за надминување на еден од проблемите на фудбалската игра, поточно за оддолговлекување на времето, симулирање, односно „крадење време“.

– И покрај серија промени на правилата изминативе декади, веројатно најголем проблем е што не се најде модус, начин, модел играта да се заштити во делот на оддолговлекувања, симулирање или популарно наречено „крадење на време“. Сведоци сме веќе на играчи кои седнуваат на теренот (некогаш без причина), превиткувања и без удар од противникот што реално не може да се санкционира. Ова носи до намалување на темпото на игра, создавање нервоза кај фудбалерите, тренерите, гледачите, што некогаш води кон ексцеси. Значи во овој момент, во Правилата на фудбалската игра, не постои инструмент кој ова би го решил.

– Мојот предлог које веќе е доставен до ФИФА и УЕФА е судисното продолжение да се игра со ефективно време, кое ќе се мери. Ефектите од ваква промена можат да ги проценат само исклучително стручни и искусни лица кои ја познаваат „технологијата“ и филозофијата на фудбалската игра. Ова решение се темели и на официјалните статистички мерења кои покажуваат дека во регуларниот дел од мечевите се игра ефективно само околу 50% од вкупното време. Екипите повеќе нема да размислуваат на симулирање во регуларниот дел, затоа што ќе знаат дека во судиското продолжение времето ќе биде мерено и де факто тоа ќе биде двојно поголемо (ако треба да се играат 5 минути, тоа ќе се мери и ќе биде како 10 минути од регуларната игра).

На видео бим беа презентирани и тестемонијали со поддршка од познати фудбалски авторитети, Дарко Панчев, Саша Ќириќ, Ѓоко Хаџиевски и Атанас Костовски.

Дополнително, беше презентиран и предлог за „рамноправна казна“ кога еден фудбалер е повреден и треба подолго да остуствува (година до две), а играчот кој го направил прекршокот минува само 2-3 средби суспензија.

– Добро упатените знаат да проценат што е намерен старт и ова правило се однесува за таквите прекршоци. Мојот предлог е да се формира комисија што ќе ги испитува таквите стартови и да изрекува посоодветни казни,- појасни Томовски.

Неодамна ФИФА прифати еден предлог од Арсен Венгер за прецизирање на правилото за судење на „офсајд“, односно само ако фудбалерот е со цело тело пред противничките играчи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни