Поврзете се со нас

Свет

Томовски бранеше одлично против Минден, ама Лидвигсхафен испадна од Бундеслигата

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Мартин Томовски имаше уште едно одлично издание на голот на Лидвигсхафен, меѓутоа и таа негова партија не беше доволно за да го спаси клубот од испаѓање од Бундеслигата.

На составот на Лидвигсхафен му беше потребна победа на вечерашното гостување кај Минден, играше одлично во првиот дел и во еден момент имаше плус седум, ама доамќините се соземаа и на пауза се замина со резултат 14-10.

Ракометарите на Минден продолжија на играат на повисоко ниво и на крајот со резултат 14-10 се изборија за реми од 28-28 и со тоа го испратија Лидвигсхафен во втората лига.

Томовски кој во наредната сезона ќе го гледаме во Вардар имаше 12 одбрани или 33.33 проценти на интервенции.

На другата средба каде имаше македонски ас, Филип Миркуловски во Вецлар се избори за реми против Магдебург (27-27). Ветеранот имаше еден неуспешен обид за погодок и една асистенција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни