Поврзете се со нас

Свет

Томиќ заборави дека повеќе не игра за Барселона и стана вирален хит со својот потег (Видео)

Објавено

на

Во текот на вчерашниот ден, Хувентуд и Барселона одиграа пријателски натпревар во рамките на подготовките за сезоната која претстои, но покрај добрата партија на Нено Димитријевиќ, оваа средба ни понуди и една сцена на која се изнасмеа цеала Шпанија.

Пријателскиот карактер на мечот го стави резултатот во втор план и двата тима дозираа и тренерите испробуваа со повеќе играчи, но дефинитивно најчудно му беше на Анте Томиќ кој доста брзо мораше да игра против своите доскорашни соиграчи.

После цели осум години кои ги мина во Барселона, искусниот Томиќ ова лето се раздели со каталонскиот великан и се пресели во Хувентуд, а веќе во вториот напад на својот нов тим се погрижи за сцена која ги изнасмеа фановите.

Хрватот очигледно подзаборави дека играчите од Барселона веќе не му се соиграчи, па топката ја додаде на кошаркар од противничкиот табор, со што јасно ни стави до знаење дека одредени навики не се забораваат така лесно.

За да биде ситуацијата уште поурнебесна, се погрижи самиот Анте чија реакција стана и вирален хит….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни