Томиќ со контраверзна изјава по новиот неуспех: Јас само ги бројам милионите…

tomic

Контраверзниот тенисер од Австралија, Бернард Томиќ одново се најде во центарот на внимание на тениската изјава и тоа по неуспехот да се пласира на главниот дел на првиот грен слем турнир во Мелбурн.

Томиќ не доби вајлд карта и мораше да игра квалификации, но тој филтер не успеа да го мине губејќи во третото коло од Италијанецот, Лоренцо Соного со 2-1 во сетови (6-1 6-7 (5-7) 6-4)

Овој пораз значеше оти Бернард нема да биде дел од главната сцена за прв пат по 2008 година, ама тоа и не е толку страшно и неочекувано со оглед на неговите потези и епизоди во последниве сезони.

Пострашна е новата негова изјава по тој пораз.

-Само ги бројам парите, само тоа го правам. Ги бројам милионите. Оди ти и направи го тоа. Јас заработив 13-14 милиони. Со среќа момци, довидување, -истакнал Томиќ за „Канал 7“.

Facebook Коментари