Томи Хас има светла прогноза за Федерер и покрај болниот пораз од Ѓоковиќ

fed-nole

Рожер Федерер на болен начин го загуби неделното финале со Новак Ѓоковиќ на Вимблдон, но од друга страна пак, импресионираше со тенисот кој го прикажа во претходните две недели во Ол Ингланд клубот.

Швајцарецот на почеток на месец август ќе наполни 38 години и во нормални услови би требало да биде далеку од тенискиот врв, но наместо тоа, Федерер игра како во најдобрите денови, а во неделата беше и многу блиску до нова грен слем титула која сепак му ја „украде“ светскиот рекет број еден.

Играта на Рожер на оваа возраст е инспирација за сите мали деца кои сакаат да се занимаваат со овој спорт, а Томи Хас е уверен дека Федерер може да продолжи во ова темпо уште две години.

– Во овие услови, Федерер може да игра врвно уште две години. Сепак, за така долга кариера потребно е да имате и среќа. Нашите тела не се секогаш исти, еден од условите да имате ваква кариера е да ги избегнете повредите. Рожер од самиот почеток на кариерата сфати колку е важен вистинскиот одмор и рамномерниот распоред во текот на сезоната. Кога ќе го погледнете легендарното финале на Рожер со Надал од 2008-ма година на Вимблдон и како игра денес, јасно е колку многу еволуираше неговата игра. Федерер се наоѓа во одличен период од кариерата. Има направено рамнотежа и добива поддршка од семејството, фасцинирам сум од тоа што се уште сака да патува, да се развива и да се адаптира на новите услови, – вели Томи Хас.

Facebook Коментари