Поврзете се со нас

Македонија

Томче Стојановски потпиша нов договор со Бутел

Објавено

на

Македонскиот ракометен прволигаш РК Бутел и во иднина ќе може да смета на услугите на Томче Стојановски.

Томче се одлучи да ја прифати понудата и да остане во клубот за кој веќе настапува пет сезони.

-Задоволен сум од најуспешната сезона во клупската историја, па не беше тешко да се решам за продолжување на соработката. Амбициите остануваат високи и за наредната сезона. Иако конкуренцијата во Суперлигата ќе биде уште посилнна, сепак ќе се обидеме да го повториме најмалку успехот од оваа сезона, -истакна Стојановски по потпишувањето на договорот до 2024 година.

Верни на Бутел му останаа пивотмените Стефан Стојчевиќ и Владимир Јевтиќ како и тренерот Кристијан Грчевски, додека како засилување досега се потврдени средниот бек Стефан Крстевски и десниот бек Филип Николов.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни