Поврзете се со нас

НБА

Томас: Леброн е кошаркарски Алберт Ајнштајн, ќе биде најдобриот на сите времиња

Објавено

на

blank

Некогашниот ас на Детроит Пистонс, Ајзеа Томас испрати многу комплименти на адреса на ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс.

Томас смета дека Леброн е приказна сам за себе, кошаркарски генијалец кој го спореди со Алберт Ајнштајн, човек кој важи за еден од најпемтните во историјата на човештвото.

-Погледнете го тренерското дрво на секоја легенда и можете да видите како, филозофски, се формира нивната величина. Карим, Меџик, Бирд, јас, можете да ги погледнете нашите тренери на колеџ и професионалците и да го проучите начинот на ние ја научивме играта.

-Леброн Џејмс дојде до средно школо. Кој му беше учител? Леброн е генијалец кога е во прашање кошарката и затоа го нарекувам Ајнштајн на кошарката, -вели Томас кој смета дека „кралот“ ќе биде „ГОАТ“ најдобар на сите времиња.

-Имавме играчи кои доминираа во одредени делови, ама не сме виделе играч кој се прави. Тоа го прави, без да падне 17 години. За сега Карим е најдобриот по се што направи, ама кога ќе заврши Леброн ќе биде најдобриот кој сме го виделе како ја игра оваа игра, -заврши Ајзеа за кого е познато дека не е во добри односи со Мајкл Џордан.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни