Англија
Томас Франк по средбата со Манчестер Јунајтед: Ги убивме, немаа ниедна шанса пред голот

Тренерот на Брентфорд, Томас Франк имаше само пофални зборови за своите играчи иако неговиот тим загуби од Манчестер Јунајтед со 3:1.
„Пчелите“ го претрпеа и третиот пораз по ред во Премиер лигата иако одиграа одлично прво полувреме во кое само одличниот Давид Де Хеа ги спречи да се израдуваат на погодок.
Франк по натпреварот, веројатно лут од резултатот даде помалку дрзок коментар кој се однесуваше на Манчестер Јунајтед, кој повторно одигра бледо во првото полувреме, но во вториот дел беше доста подобар противник.
– Ние сме најмалиот клуб во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед најголемиот. Ги уништивме во првото полувреме, не знаеја каде да се свртат. Имавме три огромни шанси кои можеа да бидат претворени во победнички погодок на натпреварот.
– Секоја чест за Де Хеа, но ако уште еднаш ги имаме овие шанси, барем една сигурно ќе влезе во голот. Ги убивме со нашиот интензитет, го покажавме тоа во првото полувреме, игравме на начинот на кој треба да игра Брентфорд.
– За примените голови, вториот боли најмногу затоа што тешко се вративме назад. Начинот на кој ги растуривме во првото полувреме беше фантастичен, затоа сум горд на мојот тим, -изјави Томас Франк кој потоа упати провокација до Манчестер Јунајтед поради нивното засилување, Џејдон Санчо кој засега не се покажа во баш најдобро светло, а на овој натпревар не играше поради смртен случај во семејството.
– Тие немаа шанса пред првиот гол. Токму затоа и платија 72 милиони фунти за Санчо, но тој денес не им играше, -заврши Франк.
-
Францијапред 24 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Англијапред 18 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
Италијапред 21 час
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
Лига на шампионипред 21 час
Чеферин со најава за големото финале во ЛШ: Реал има слаба одбрана, но девет животи!
-
Светски првенствапред 13 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја
-
Шпанијапред 23 часа
Куман и Лапорта се сретнаа првпат по отказот, средбата потврди колку се „почитуваат“ (Видео)
-
Италијапред 22 часа
Дибала го направи последното селфи на „Алијанц“, на него се и двајца „специјални гости“ (Фото)
-
НБАпред 16 часа
Леброн откри меѓу кои тројца играчи би бирал за дуел „два на два“ против Џордан и Пипен (Фото)