Поврзете се со нас

АТП

Толку од надежната соработка и уривањето на Ѓоковиќ: Бекер остана без ангажман (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/borisbeckerofficial

Холгер Руне амбициозно влезе во 2024-та година и нагласи дека негова цел заедно со тенисерите од новата генерација ќе биде да го урне Новак Ѓоковиќ, особено во ситуација кога во својот тим ангажираше и еден негов поранешен член.

Соработката меѓу Руне и Борис Бекер донесе резутлати на крајот на 2023-та година и истата беше продолжена за уште една година, но по елиминацијата на Аустралијан Опен и откажувањето на турнирот во Франција, Данецот од денеска повеќе нема прв тренер.

Руне пред неколку дена експресно се раздели со поранешниот тренер на Федерер, Северин Лути, а Борис Бекер денеска ексклузивно објави дека веќе нема да го следи Данецот на наредните турнири.

– Би сакал да ве известам дека веднаш престанувам со обавувањето на улогата главен тренер во тимот на Холгер Руне. Ја започнавме оваа соработка со цел да стигнеме до завршниот Мастерс минатата година, но за да ја подигнеме истата на уште едно ниво, сфатив дека треба повеќе да му стојам на располагање.

– Поради приватни и професионални обврски, во моментов не можам да му го дадам на Холгер тоа што го сака. Му посакувам се најдобро и ќе бидам негов фан број еден. Навистина го ценам нашето заеднички патување, – објави Бекер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни