Поврзете се со нас

Шпанија

Толку од долгиот проект: Бенитез доби шут-карта по тешкиот пораз на „Бернабеу“ (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/RCCelta

Рафаел Бенитез се врати со голема страст во Шпанија и тоа значеше кам-бек во родната земја по пауза од седум години, но иако имаше големи планови, искусниот стручњак не добива шанса да доработи добар дел од нив.

Селта Виго му понуди тригодишен договор на Рафа со цел да го стабилизира својот проект, меѓутоа оваа соработка не излезе баш добра, па неполни 8 месеци подоцна, клубот му врачи отказ.

Откако претходно доби ултиматум и успеа да се спаси со победата во мечот со Алмерија, се чинеше дека Бенитез ја преживеа кризата, но очајната форма на тимот и последниот пораз на „Сантијаго Бернабеу“ со резулат 4:0 беа заокружени со отказно решение.

Селта ова попладне информираше дека Бенитез од денеска веќе нема да ја извршува функцијата шеф на стручниот штаб, а заедно со него си одат и помошниците.

– Рафа Бенитез и неговиот стручен штаб ја напуштаат Селта по осум месеци апсолутна посветеност и целосен ангажман, период во кој тимот сепак прикажа резултати какви што очекува клубот.

– Клубот сака да ја изрази својата најискрена благодарност до Рафа Бенитез и неговите помошници за вклученоста во проектот, чесноста и професионалноста што ја покажаа од нивното доаѓање. Селта сака да им посака многу среќа и успех во иднина, – гласи објавата на клубот од Галиција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни