Македонија
Тодоровски: Моето презиме на дресот на Вардар-привилегија, чест и гордост
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар успешно реши уште една мисија обезбедувајќи го потписот на 22-годишниот Димитар Тодоровски.
Тодоровски е младински репрезентативец на Македонија кој во Вардар дојде од редовите на АП Брера Струмица, односно стана петто засилување за „црвено-црните“ по Мите Цикарски, Михал Пинтер, Георгије Јанкулов и Михаил Маневски.
-Не постои македонски фудбалер чија желба не била да заигра за најголемиот фудбалски клуб во државата. Да го пишува моето презиме на дресот на Вардар е вистинска привилегија, чест и гордост. Одговорноста да се носи овој дрес дополнително додава на тежина. Тоа ми дава дополнителем мотив да ја оправдам довербата која ми ја има дадено овој клуб
-Во следната полусезона очекувам да ја достигнам мојата најдобра форма, а со тоа да придонесам во тимската синергија со цел да завршиме во горната половина од табелата. Освојувањето на Купот на Македонија ни е главен приоритет, -истакна Тодоровски кој не за ги заборави и „Комитите“.
-Вардар не би бил Вардар без своите навивачи – Комитите. Тие се 12 играч на тимот, кој го прави Градски неосвоива тврдина, додека на гостувањата се ветерот во грб кој и тоа како ни значи. На нив можам да им ветам дека ќе дадам максимум за Вардар, -порача фудбалерот од средината на теренот.
-
Репрезентација18 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал
-
АТП23 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Светски првенства16 часа
ИХФ го издвои ремек-делото на „Фитиљ“: Чиста моќ на Кузмановски (Видео)
-
АТП22 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
АТП18 часа
Алкарас не му верува на Ѓоковиќ: Не велам дека правеше шоу со повредата, но…..
-
Светски првенства17 часа
Пајовиќ посочи дека тактиката на Лазаров им направила големи проблеми на Австријците: Чувствувам горчина
-
Светски првенства20 часа
Митревски по ремито со Австрија: Се надевам дека ќе се опоравиме од настинките кои преовладуваат во тимот
-
АТП15 часа
Ѓоковиќ го прекина интервјуто за да ги испрати своите деца на спиење, малата Тара стана вирален хит (Видео)