Македонија
Тодоровски: Имам надеж за младинскиот фудбал во Македонија
Тренерот на младинските категории од ФК Пелистер, Гоце Тодоровски, гледа зголемен интерес на младите за тренирање и играње фудбал.
Појавата на нови млади фудбалери во Македонија кои прераснуваат во носители на играта во своите тимови, а потоа и во националните селекции, станува се позачестена.
– Имајќи предвид дека малку се сменило во однос на инфраструктурата каде што немаме помошни игралишта за тренинг, имаме одличен напредок при развојот на младите фудбалери. Во Битола понекогаш на теренот има и по 50-60 деца, а тоа се невозможни услови за работа. И покрај тоа, децата доаѓаат и тренираат, стануваат подобри и напредуваат се до младинскиот или до првиот тим. Но, ако треба да издвојам што е најголемиот проблем, тогаш ќе речам дека тоа е слабата конкуренција. Имаме регионални натпреварувања каде што не ретко се издвојуваат еден или два тима, каде што се работи со полна пареа, и други екипи каде што очигледно не се работи како што треба, па натпреварите завршуваат со високи и лесни победи,- оценува Тодоровски.
Одговарајќи на прашањето од Дерби.мк за младите фудбалери кои ги набљудува и со кои работи, Тодоровски укажува дека иако талентот е видлив, на долг рок најдобри резултати постигнуваат оние кои се најдисциплинирани и посветени на тренинзите.
– Гледам дека децата го сакаат фудбалот, но за да успеат да напредуваат во еден клуб и да одат од една во друга повисока категорија, мора да покажат дисциплина и посветеност на тренинзите. Би рекол дека имам идентификувано неколку младинци кои отскокнуваат и полека ги селектирам во една напредна група, со кои се обидувам да работам на повисоко ниво. Сепак, нема рецепт за брз успех, созревањето бара време, тренизни и натпревари.
Меѓу новите млади фудбалери на ФК Пелистер е и младиот ресенчанец Марко Настевски, кој тренираше во школата на ФК Преспа Тотал, како и во фудбалската академија Талент. Откако летоска имаше забележителен настап на кампот пред тренерите и скаутите на белградска Црвена Звезда, овој фудбалер (роден 2010 година), тој сега е дел од надежите на ФК Пелистер.
– Марко покажува дека има истенчено чувство за фудбалската игра, но и за него важат истите правила како и за останатите. Мора да продолжи да работи, да зајакне физички, да ја унапреди својата техника и да се наметнува од пониските во повисоките категории. Само на тој начин ќе има континуитет во развојот како што имаа другите млади фудбалери кои денеска стануваат носители на играта во клубовите, а потоа и во репрезентацијата,- заврши Тодоровски.
-
Лига на шампионипред 19 часа
Ендрик го собори рекордот на Раул, па доби признание од Анчелоти: Покажа дека има…
-
Лига на шампионипред 22 часа
Куртоа за последната акција на Реал: Покажа карактер што не им подаде на Винисиус и Мбапе! (Видео)
-
Италијапред 21 час
Ибрахимовиќ за статусот во Милан: Кога ја нема мачката, глувците оро играат…
-
Италијапред 17 часа
Главниот фаворит за наследник на Де Роси веќе пристигнал во Рим
-
Македонијапред 12 часа
Работнички шокиран од третолигаш во Купот на Македонија
-
Италијапред 20 часа
Утрински шок од Италија: Де Роси заработи отказ од Рома
-
Францијапред 20 часа
Рабио доби комплименти од француска легенда: Стана мој идол со потезите кои ги направи
-
Лига на шампионипред 21 час
Ристовски по дебаклот на Динамо во Минхен: Кога ќе примиш девет парчиња…