Поврзете се со нас

Европски првенства

Тодоров за промената на ФИБА во системот на квалификации: Одлуката е очекувана, ама до ноември…

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација на поинаков начин ќе ги доигра квалификациите за Европското првенство, односно ноемврискиот и февруарскиот „прозорец“ ќе ги игра во т.н. „балони“ наместо на домашнен или гостински терени.

Кошаркарите во поинаков систем ќе ги доиграат квалификациите за ЕП

Ваква одлука донесе ФИБА, а за истата свој коментар даде нашиот селектор Александар Тодоров.

Иако за многумина одлуката на ФИБА од пред неколку дена е изненадувачка, не поради начинот на играње, а заради самиот факт воопшто да се дозволи одигрување на ноемврискиот прозорец, за мене лично тоа е една сосема очекувана одлука. Секако, имајќи ги во предвид финансиските бенефити од овие прозорци, но и згуснатиот календар во втората половина на 2021, квалификации за Олимпијадата, Олимписките Игри, почеток на квалификации за СП 2023…, вели Тодоров и додава:

Независно каде ќе се игра ‘балонот’, ризикот по здравјето на играчите и останатите членови на репрезентациите ќе биде голем. Впрочем гледаме насекаде безбројни одложувања на натпревари заради заразени играчи, а според сите најави, нè очекува уште пожесток бран со почетокот на есента-

За оној спортски аспект на одлуката на ФИБА, квалификациите да се играат на едно место, наместо оние стандардните, Тодоров вели дека би било добро ако наредните мечеви би ги играле на неутрален терен, евентуално на домашен.

„Ако говориме за кошаркарскиот дел, сигурно е дека за нас е подобро средбите да се играат на неутрален терен. Иако, се разбира, возможно е организацијата на нашата група да биде доделена на Естонија, поради, барем засега, погодната епидемиолошка ситуација таму. Но сепак…“

Во секој случај една особено комплицирана ситуација во која едноставно кажано, мораме да чекаме некои „многу подобри времиња“ за играње на врвна кошарка.

„Во овој период многу работи се менуваат секојдневно. Затоа, треба да почекаме да видиме што ќе се случува во почетокот на ноември. Впрочем, кој знае да даде одговор што ќе се случува до ноември? Дали и какви забрани за патувања ќе има. Кога го говорам тоа не мислам само на патувањата на репрезентациите, туку, исто така, за организирање на пристигнувањето и заминувањето на репрезентативците кои настапуваат во странство– констатира нашиот селектор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни