Поврзете се со нас

Европски првенства

Тодоров со 15 играчи ќе го нападне Перм: Потребен е ростер кој ќе има сила и енергија

Објавено

на

Полека се ближи месец февруари, месец во кој машката сениорска репрезентација ја очекува голем предизвик, четири средби од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година.

Во „балонот“ во Перм нашиот национален тим треба двапати да игра со Италија, потоа да се соочи со Русија и на крај со Естонија во дуелот во кој може да биде клучен за пласманот на шампионатот. Со оглед на тоа што од 18. до 22 февруари ќе ги одиграме овие натпревари, селекторот Александар Тодоров сака во Перм да однесе 15 играчи затоа што темпото ќе биде пеколно.

-За Русија тргнуваме на 15. февруари. Планот е за Перм да патуваат 15. кошаркари, од проста причина што таму нè чекаат четири натпревари во пет дена. И би било идеално ако тргнеме на пат во комплетен состав, со сите расположиви сили, -истакна Тодоров кој проговори и за подготовките во Скопје кои ќе започнат на 10 февруари.

-Ќе работиме пет дена во Скопје, во салата на СЦ „Јане Сандански“. Планирано е во процесот да бидат вклучени 14-15 кошаркари. Најголем дел од нив ќе бидат со нас од првиот ден. Вклучително и капитенот Војдан Стојановски, но и Џејкоб Вајли, што е и тоа како битен момент за нас. Ќе настојуваме да тренираме во термините во кои ќе се играат квалификациските натпревари во Перм. Значи од 13. до 17. часот, да се раководиме по онаа четиричасовна временска разлика со Русија. Ќе работиме по еден тренинг дневно, во тие временски термини, -рече селекторот кој ја остава како „отворена“ можноста за објавување на дефинитивниот список на патници за Русија.

Реков и претходно, во оној ноемвриски циклус. Не можеме да бидеме конкретни во таа насока. Прво треба да се преброиме, да се надеваме дека ќе нè послужи здравјето. Дека повеќе нема да се среќаваме со проблеми со кои се сочивме во Талин, што е доста сложено за нас тренерите. Да креираме ростер во кој ќе има сила, енергија да ги издржи сите тие напори кои ги носи овој турнирски систем, едно мини Европско првенство, во својата прва групна фаза. Оттука ќе го чекаме последниот рок за пријава на играчи во ФИБА, -заврши предводникот на нашиот национален тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни