Тодоров: Паузата е добредојдена, мораме да победиме на три мечеви во декември

todorov

Тимот на МЗТ Скопје забележа нов негативен резултат во АБА лигата, седми сезонски и тоа на домашен терен против Будуќност со 93-71.

„Металците“ одиграа очајно особено во последниот период (32-18) што беше клучно да претрпат убедлив пораз на средбата. Тренерот Александар Тодоров очекувано не беше задоволен притоа истакнувајќи дека добро ќе им дојде следниов период, паузата за да многу подобро се подготват за следните предизвици.

-Последниот период го одигравме очајно и примивме дури 32 поени, а почнавме без ниту еден поен во првите пет минути иако имавме напад да спуштиме на релативно 6 поени негатива. Влеговме во лоша серија, противникот даде 17 кошеви во низа, плус имаа 16 офанзивни скокови. Паузата што следи е добредојдена за да се прегрупираме. Во месец декември имаме четири средби од кои на три мораме да славиме, а другите четири победи за опстанок  да ги бараме во 2018 година, -истакна Тодоров.

Facebook Коментари