Поврзете се со нас

Македонија

Тодоров останува на клупата на Крајова и следната сезона

Објавено

на

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров, останува тренер на романскиот прволигаш Крајова и следната сезона.

Тодоров ја има поддршката на раководството на клубот кој го водеше последните две сезони, па решил да ја продолжи соработката.

– Немаше причини поради кои соработката со Крајова не требаше да биде продолжена. Факт е дека се наоѓаме во едно вакво невреме кое со себе го донесе пандемијата на коронавирусот, и во кое навистина многу работи остануваат нејасни. Но, моите обврски кон Крајова се реализирани максимално професионално. Овој играчки кажано, мртов период, го искористивме за индивидуална надградба на играчите кои се во клубот.

– Ќе работиме уште еден извесен период и веќе на 15.јули, ако се биде во ред, и како што очекувам, ќе се вратам во Скопје, каде ќе се префрлам на оние репрезентативни активности, секако под услов да имаме некои здравствено гледано, нормални услови за функционирање“- изјавил Тодоров за официјалниот сајт на нашата кошаркарска федерација.

За Тодоров ова ќе биде четврта сезона во Романија, откако една сезоно го водеше и Динамо Букурешт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни