Европски првенства
Тодоров не се откажува од Нено, на клучниот натпревар против Естонците со проверени сили

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска со почеток од 15:00 часот го игра клучниот натпревар за пласман на Европското првенство против селекцијата на Естонија.
Нашите кошаркари мора да победат на натпреварот во Перм со десет или повеќе поени разлика доколку сакаат да ја анулираат негативата од првиот меѓусебен дуел кој се одигра во Скопје и кој го доби селекцијата на Естонија со 81:72.
На натпреварот против Италија во кој Македонија обезбеди херојска победа повреда забележа најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ. Нено мораше да биде изнесен од паркетот, а постоеја стравувања дека тој нема да може да биде подготвен за натпреварот со Естонија.
Стравувањата се уште се присутни, уште не е познато дали Димитријевиќ ќе биде подготвен за настап, но селекторот Александар Тодоров не остава ништо на случајност и го вметна кошаркарот во ростерот за денешната средба.
Тодоров не направи ниту една промена во однос на составот со кој се соочи со Италија и против Естонците ќе игра со тимот кој ги победи „азурите“.
Дамјан Робев, Лука Савичевиќ, Бојан Крстевски, Дамјан Стојановски, Кристијан Николов, Андреј Магдевски, Бојан Трајковски, Теодор Симиќ, Џејкоб Вајли, Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски.

- Италијапред 23 часа
Даглас Коста незадоволен од престојот во Баерн Минхен, најави каде би можел да продолжи
- Англијапред 23 часа
Европските гиганти се „испотепаа“ за фудбалер од втората англиска лига: Бекот на Норвич прави супер трансфер
- Италијапред 23 часа
Интер потврди пет случаи позитивни на Ковид-19
- Лига на шампионипред 24 часа
Гвардиола одговори на прашањето дали се фаворити во Лигата на шампионите: Kога ги гледам нив не би рекол дека сме
- Лига на шампионипред 22 часа
Капело: Прво беше оштетен Лацио, па Аталанта, ова станува сомнително
- Англијапред 21 час
Гвардиола ја откри тајната на Сити за успесите: Имаме многу пари за да купиме неверојатни играчи (ВИДЕО)
- ВТАпред 22 часа
Ѓорческа немаше одговор за шестата носителка во Москва
- Англијапред 21 час
Легендарниот Окоча има совет за Салах за изборот на нов клуб