Репрезентација
Тодоров: Македонија ќе игра на наредното Европско првенство

Македонската кошаркарска репрезентација забележа две победи во „балонот“ во Перм, но тоа не се покажа како доволно за пласман на Европското првенство кое е на програмата во 2025 година.
Ние славевме над Италија, а потоа и над Естонија, ама не со посакуваната разлика со оглед на тоа што Естонците на стартот на квалификациите не добија поубедливо во Скопје. Секако ваквиот исход донесе разочарување во нашите редови, но воедно и надеж дека оваа селекција има што да каже во иднина.
–Ако се осврнеме наназад на овие шест натпревари од овие квалификации, можам да кажам дека има два спротивставени моменти: едниот разочарувањето поради необезбедувањето пласман на ЕП, и вториот огромното задоволство дека бев дел од нешто ново што се создава и што ќе трае во наредните 10-15 години.
-Имаме два порази во израмнети, до последните минути, средби со Русија и Италија. Имаме еден крајно лош натпревар со Русија, ама имаме и две победи, и едно катастрофално лошо полувреме во Скопје во првиот натпревар во овој циклус нè остави да го гледаме следното ЕП дома, -истакна селекторот Александар Тодоров кој е убеден дека Македонија сигурно ќе игра на Евробаскетот во 2025 година.
–Кога за првпат ја добив понудата за селектор, ми требаше речиси еден месец да одлучам дали сакам да се впуштам во една нова авантура, посебно што првичниот впечаток, и мој и на луѓето со кои разговарав, беше дека речиси се минимални шанси за макар и една победа. Сепак, од денешен агол, ако повторно е ноември 2019 година, и ја добијам истата таа понуда, сигурен сум дека пак би ја прифатил, бидејќи навистина ми беше задоволство да работам со оваа група на играчи, независно од крајниот резултат.
Запознав десетина млади играчи, кои не само што не ги имав тренирано, а воопшто не ги ни познавав, и сигурен сум дека со нив, но 3-4 години постари, веќе во 2025 година Македонија ќе биде дел од Евробаскетот, и тоа не само во улога на аутсајдер, -порача Тодоров кој воедно жали што во Перм ги немаше на располгање Андреј Јакимовски, Андреј Маслинко и Марко Симоновски.
–Навистина жалам што го загубивме Андреј Јакимовски за овој циклус, сигурен сум дека тука во Перм ќе можеше да ни помогне по 15-20 минути на натпревар. Ни недостасуваа и Маслинко и Симоновски, кои ќе ни дадеа поголема ротација во овој луд циклус на четири средби во пет дена, но тоа е што е, –заврши нашиот предводник.

- Формула 1пред 21 час
Докторката Милена Тасиќ е ангажирана во рехабилитацијата на Шумахер
- Англијапред 14 часа
Гундоган призна дека бил пред трансфер во голем ривал на Манчестер Сити: Имаше разговори со нив
- Англијапред 11 часа
Бербатов типува: Ќе има доста голови на дербито на „Стемфорд Бриџ“, Ливерпул ќе ја прекине серијата на порази
- Англијапред 12 часа
Манчестер Јунајтед на готовс, извршниот директор на Борусија Дортмунд не отфрли заминување на звездата на тимот
- НБАпред 12 часа
Леброн не чекаше многу и му возврати на Ибрахимовиќ: Чудно од негова страна, јас нема шанси да седам настрана
- Англијапред 16 часа
Гундоган направи споредба меѓу двата великани: За Клоп умирате на теренот, чувството со Гвардиола…
- Италијапред 10 часа
Касано: Роналдо е големо промашување на Јувентус, ова беше погрешен проект
- Англијапред 14 часа
Тухел се отвори за најтешкиот пораз во кариерата: Бев во темнина, не можев да зборувам два дена