Поврзете се со нас

Репрезентација

Тодоров импресиониран од фантастичниот тандем во репрезентацијата: Лесно е со вакви кошаркари, овој тим има светла иднина

Објавено

на

Фото: КФСМ

Македонската кошаркарска репрезентација водеше во голем дел од натпреварот против Италија и покажа далеку подобро лице од она што навикнавме во последните неколку години, игра која дава далеку пооптимистичка слика за она што може да очекуваме од оваа селекција на Александар Тодоров.

Македонскиот селектор беше задоволен од прикажаната игра на првиот натпревар во Перм и покрај конечниот пораз кој е одраз на лошата последна четвртина, но исто така го истакна и тандемот кој успеаја да го создадат Ненад Димитријевиќ и Џејкоб Вајли кои се разбираа на теренот како да играат заедно подолго време, прикажувајќи дури три атрактивни „цепелини“.

– Лесно е кога имаш такви кошаркари. Двајцата знаат да играат кошарка и нема проблем да се поврзат заедно. Добро е што имаме уште два меча пред дуелот со Естонија, така што ќе имаат доволно време да се воиграат дополнително, – изјави селекторот Тодоров по поразот од 92:84.

– Денеска покажавме дека можеме да играме против тим кој е прв на ранкингот на ФИБА во моментов. Не само што бевме рамноправни, туку успеавме и да водиме повеќе од 18 минути од мечот. Покажавме тотално поинакво лице во однос на натпреварите лани.

– Ова е група која како тим има светла иднина и група на која сум исклучително горд. Ни претстојат уште три натпревари кои ќе бидат многу тешки, но на крајот најверојатно се ќе се сведе на мечот со Естонија в понеделник, – додаде Тодоров.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни