Тодоров: Имавме шанси за пресврт, ама…

todorov

МЗТ Скопје доживеа нов пораз во АБА лигата, четврти во низа и тоа на гостувањето во Словенија кај Петрол Олимпија.

Словенечкиот претставник славеше со 94-85, во натпревар во домаќините водеа во најголемиот дел, па и затоа предводникот на „металците“ спортски и искрено му го честиташе триумфот на противникот.

-Честитки до Петрол Олимпија за заслужената победа. Во најголемиот дел од натпреварот тие водеа и затоа триумфот е потполно заслужен. Имавме свои можности за пресврт, ама не ги искористивме, -истакна Тодоров.

Нова можност за трета сезонска победа МЗТ ќе има на 19 ноември пред своите гледачи против лидерот Будуќност.

Facebook Коментари