Поврзете се со нас

Репрезентација

Тодоров ги посочи позитивните страни во кошаркарската репрезентација, иако неговата иднина како селектор е неизвесна

Објавено

на

blank

Иднината на селекторот Александар Тодоров е неизвесна откако македонската кошаркарска репрезентација не обезбеди пласман на Европското првенство, а конкретен одговор за негово продолжување не дадоа ниту водечките луѓе во нашата Федерација.

Тодор Гечевски како спортски директор на Федерацијата беше задолжен за давање одговори на ова прашање на денешниот прес, откако стана јасно дека договорот на селекторот е веќе истечен, а истовремено не се преземаат никакви активности за обновување на истиот.

– Договорот на Александар Тодоров потенциравме уште кога одржавме прес за негово претставување како селектор дека е врзан со пласман на Европското првенство, на кое за жал не се пласиравме. Сепак, го чекаме извештајот од селекторот кој треба да стигне наскоро. Потоа ќе има состанок на раководството и заедно ќе одлучиме дали договорот ќе биде продолжен. И кај нас се поделени чувствата во врска со овие квалификации. Момците покажаа карактер и тимска игра. Бевме блиску и до победа против Русија, но најверојатно неискуството и невоиграноста пресудија за да резултат биде таков каков што беше и да не се пласираме. На нас останува да продолжиме да работиме со младите, да организираме семинари и за нашите тренери, па на претквалификациите за Светското првенство во август да се покажеме во подобро светло, – порача вели Тодор Гечевски.

Покрај Антиќ и Гечевски кои беа присутни на денешниот прес, вклучен преку видео-конференција беше и македонскиот селектор Тодоров, кој во своето обраќање уште еднаш нагласи дека оваа генерација на играчи има светла иднина.

– Чувствата се измешани, не успеавме да се пласираме на Европското првенство, но има и причина за задоволство. Посебно од аспект на доведување на нови лица во репрезентацијата, како и начинот на кој игравме на двата натпревари против Италија и оној против Естонија. Нема што да се прави, продолжуваме понатаму. Јас сум оптимист затоа што во иднина сите кошаркари кои сега имаат 17-18 години ќе бидат поискусни и верувам дека со помошта на поискусните играчи Македонија нема да има проблем да се пласира на наредното Европско првенство. Репрезентацијата горе-долу е таа, – нагласи Тодоров за кого допрва ќе се одлучува дали ќе ги води кошаркарите и во иднина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни