Поврзете се со нас

Европски првенства

Тодоров ги избра патниците за Талин, го нема Димитријевиќ!

Објавено

на

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров ги одбра играчите на кои ќе смета за „балонот“ во Талин, поточно за дуелите кои ќе ги одиграме против Италија и Естонија.

Од последниот список, односно од играчите кои во последниве денови тренираа во Скопје отпаднаа Дамјан Робев и Андреј Митревски. На финалната листа го нема ниту асот на шпански Хувентуд, Ненад Димитријевиќ кој по се изгледа ги нема надминато проблемите со коронавирусот и не е спремен за овој предизвик на крајот на месецот.

Кога се во прашање „странците“ или играчите кои настапуваат надвор од Македонија селекторот Тодорот ќе смета на Војдан Стојановски и центарот Џејкоб Вајли.

Патници за Талин:

Љубомир Младеновски (Работнички)

Виктор Ефремоски (Работнички)

Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)

Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)

Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром)

Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)

Марко Симоновски (Кожув)

Бојан Трајковски (Пелистер)

Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка)

Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни