Балкан
Тодороски вчера јавно и се понуди на Македонија, денеска постигна гол од слободен удар за голема радост во 94. минута (Видео)
Андреј Тодороски има забележителни настапи во Супер лигата од стартот на сезоната, а македонскиот интернационалец се најде во центарот на вниманието и 24 часа по интересната изјава која ја даде во јавноста.
Фудбалерот на Спартак Суботица вчера јавно и се понуди на Македонија и порача дека едвај чека повик од селекторот Благоја Милевски, па откако го сврте вниманието на себе, денеска испорача уште еден гол во најсилната лига во Србија.
Спартак беше пред пораз на гостувањето кај ОФК Београд до самата завршница од мечот, но тогаш на сцена стапи Тодороски со својата силна лева нога.
Офанзивниот фудбалер се реши за лукаво изведен слободен удар во гужвата во шеснаесетникот, а топката некако се проби низ шумата нозе и заврши на вистинско место.
Погодокот на Тодороски донесе огромна радост за него и соиграчите, но донесе и важен бод за тимот од Суботица.
-
Шпанија21 час
Реал планира четири засилувања во 2025 година
-
НБА21 час
Томпсон се врати дома, но Кари го украде шоуто и го сруши Далас (ВИДЕО)
-
Свет22 часа
Родри: Тој е единствен фудбалер кој може да им се доближи на Меси и Роналдо
-
Шпанија23 часа
Начо го советува Анчелоти за големиот проблем кој настана во Реал: Ова е перфектно време за тоа
-
Англија22 часа
Фердинанд со своја теорија за првата важна одлука на Аморим: Знам зошто не му изгласа доверба на Ван Нистелрој
-
Евролига18 часа
Пантер дочекан со солзи во Белград (ВИДЕО)
-
Евролига22 часа
Лудата завршница го збуни тренерот на Димитријевиќ: Тргна да ја слави победата, па се разочара откако го виде резултатот (ВИДЕО)
-
Свет20 часа
Начо: Му честитав на Родри за „Златната топка“, но…