Поврзете се со нас

Балкан

Тодороски стрелаше против Партизан, Ѓорѓев погоди за победа на Арау (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонските фудбалски интернационалци, Андреј Тодороски и Никола Ѓорѓев постигнаа голови за Спартак Суботица и Арау во шампионатите на Србија и Швајцарија.

Тодороски реализираше против големиот Партизан во 28 минута за почетно водство на неговиот тим. Потоа гостите дадоа уште еден прекрасен погодок, а во вториот дел Андреј имаше идеална шанса и за 3:0, но голманот Јовановиќ излезе како победник од таа битка.

Ова им овозможи на „црно-белите“ да останат во игра, притиснат и преку двојниот стрелец Калулу за се изборат за реми од 2-2. Тодороски има учинок од 6 гола и 4 асистенции за Спартак во тековнава кампања.

Ѓорѓев пак втор меч во низа играч супер важна улога за славје за Арау во втората швајцарска лига. Во претходното коло забележа гол и асистенција, додека пак против Белинцона погоди во 82 минута за 2-1 и големи три бода на тимот кој се бори за влез во најсилната фудбалска конкуренција.

Никола има 5 гола и 5 асистенции на 20 лигашки средби во натпреварувачката 2024/2025.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни