Поврзете се со нас

Германија

Тодибо со непримерна пцовка го „поздрави“ Халанд и го навлече гневот на јавноста(Видео)

Објавено

на

Вчера конечно се врати фудбалот во Германија, а сите очи на спортската јавност беа свртени токму кон натпреварите од Бундеслигата.

Најголемо внимание привлече рурското дерби меѓу Борусија Дортмунд и Шалке 04 кое го добија „милионерите“ со убедливи 4:0.

Повторно лице кое беше „прва виолина“ во Борусија Дортмунд беше младиот напаѓач Ерлинг Браут Халанд кој го постигна и првиот погодок на средбата, и првиот погодок општо по враќањето на фудбалот во Германија.

Халанд беше активен во шеснаесетникот на Шалке, па имаше и неколку дуели со стоперот на овој тим, Жан Клер Тодибо кој во една прилика жестоко го опцу и го навлече гневот на јавноста.

Бидејќи натпреварите се играат без присуство на публика, точно може да се чујат и зборовите кои ги кажуваат играчите на теренот. Така, Тодибо кратко му порача на Халанд: Оди е*и си ја баба ти,….- навлекувајќи го гневот на спортската јавност.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни