Поврзете се со нас

Англија

Тодибо го загубил трпението со Јувентус и ја прифатил понудата од Англија

Објавено

на

Foto:twitter.com/ogcnice

Јувентус долго време преговара со Ница за трансферот на Жан-Клер Тодибо, а очигледно францускиот фудбалер го загубил трпението со италијанскиот тим и решил да ја прифати понудата на главниот конкурент на „бјанконерите“.

Најновите информации од Франција велат дека Тодибо се согласил на трансфер во Вест Хем, нешто што му оди во прилог и на неговиот клуб, бидејќи премиерлигашот испратил побогата и поконкретна понуда.

Тодибо долго време му даваше приоритет на Јувентус, Кристијано Џунтоли и неговите соработници понудиле 5 милиони евра за заем и 30 милиони за откупување на договорот, но Ница не ги прифаќаше тие услови, што очигледно предизвикало нервоза и кај фудбалерот кој очекува сигурен трансфер ова лето.

Клучен момент бил и што Јувентус не сакал да се обврзе на откупување на договорот следното лето, туку тоа решение да го донесе врз основа на перформансите на фудбалерот, податок кој очекувано не му се допаднал на Тодибо.

На крајот, Вест Хем понудил 40 милиони евра за Тодибо и плус процент од следниот трансфер, што секако е подобра опција за Французите, а доаѓа во комбинација со загубеното трпение на дефанзивецот кој уште викендов може да биде потврден во новиот клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни