Поврзете се со нас

Македонија

Тодески се договори со Бутел: Овде гледам шанса за напредок на мојата игра

Објавено

на

foto: FB/RK Butel Skopje

Тимот на РК Бутел го обезбеди и второто засилување за натпреварувачката 2024/2025, а тоа е 21-годишниот Теодор Тодески.

Тодески потекнува од школата на Прилеп од каде заврши во Скопје каде прво беше дел од Металург, па преку Алкалоид и Мулти Есенс стигна до Бутел со кого потпиша двегодишен договор.

-Се одлучив да потпишам за Бутел, иако имав понуда од повеќе клубови бидејќи таму ја гледам шансата за напредок на мојата игра. Се надевам дека под водство на тренерот Горан Кузманоски ќе одам ниво погоре јас како и клубот и заедно ќе се радуваме на нови успеси, -порача Тодески.

Претходно прволигашот го ангажираше репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Драган Шољиќ.

Босански репрезентативец ќе го носи дресот на Бутел

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни