Поврзете се со нас

Свет

Тоа што се пишуваше доби и потврда: Новак потпиша со украински тим кој ќе игра во ЛЕ, се чека и Мицевски

Објавено

на

Тоа што се пишуваше и што беше најавено на неколку специјализирани страни кои се занимаваат со трансфери денеска доби и официјална потврда.

Поранешниот фудбалер на Вардар, Евгениј Новак потпиша двегодишен договор со украинскиот тим Колос Коваливка.

Ваквиот трансфер на социјалните мрежи го потврди и агентот кој посредуваше во трансферот, Александер Карпов.

– Евгениј Новак потпиша двегодишен договор со Колос Коваливка. Минатата сезона тој стана шампион во Македонија како дел од Вардар Скопје, -стои во дел од објавата на Карпов.

Инаку, истиот сајт кој го најави трансферот на Новак во Колос најави и трансфер на Дарко Мицевски во овој украински клуб.

Засега нема информации дали Мицевски ќе потпише договор со тимот кој следната сезона ќе игра во Лига Европа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни