И тоа се случи: Во Русија тренерот го гаѓаа со петел (Видео)

Petel frlanje

Недела, нормален ден за одигрување на натпреварите во втората руска лига и меч во кој се сретнаа Луч Енергија Владивосток и домаќинот Факел Воронеж  во кој гостите повеќе се снајдоа и победија со 3:1.

Но, како натпревар од анонимни клубови во Русија успеа да го привлече вниманието и да стане број еден вест на спортските медиуми и портали?

Причината е фрлањето на петелот од страна на еден навивач во правец на клупата и тренерот на Луч-Енергија, Александер Григорјан. Да биде иронијата поголема, навивачот сега не само што се соочува со реакција од здруженијата за заштита на животните, туку му се заканува и затворска казна.

Инаку во минатото, боите на Луч Енергија, ги бранеше и поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Игор Кралевски.

Facebook Коментари