Тоа се „кралевите“: Кога Љуљ ќе ја искрши таблата, тука е Дончиќ (Видео)

Doncic2

Вечерва беше одигран третиот натпревар од борбата за шампион во шпанската кошаркарска лига помеѓу тимовите на Басконија и Реал Мадрид.

Басконија од самиот старт на овој дуел тргна навистина офанзивно и во текот на целиот прв период не им дозволи на гостите да го преземат водството, па првите 10 минути завршија со резултат 24-20. Вториот дел беше уште повеќе изедначен, па мадриѓани успеаја на моменти да го диктираат темпото и ја добија оваа четвртина со 18-20 за на пауза да заминат со -2 (42-40).

Домаќините ја имаа контролата врз играта до средината на третиот период, кога „кралевите“ се разбудија и го презедоа водството за во последните 10 минути да влезат со +2 (63-65). Басконија ја започна последната четвртина со серија 9-0 и избега на 72-65, но тогаш како целосно да се „изгубија“ и Реал лесно стигна до пресврт за на крајот резултатот да изнесува 78-83.

Со оваа победа Реал Мадрид стигна до предност од 2-1 во битката за шампионската круна и со „брејк“ на четвртиот меч кој исто така се игра во Баскија ќе стигнат до 34. титула во Ендеса лигата. На денешниот натпревар блескаше Лука Дончиќ со 20 поени, 9 скока и 3 асистенции, на кои Џејси Керол додаде уште 15. Најголемо разочарување во овој триумф беше Серхио Љуљ, кој ги промаши сите десет удари од игра (0/4 за 2п., 0/6 за 3п.), додека кај домаќините највеќе се истакна Бобуа со 17 поени.

Facebook Коментари