Тоа е Мурињо: Го избрка од Манчестер Јунајтед, па потоа го испофали

murinjo

Холандскиот интернационалец Далеј Блинд вчера и официјално се врати во редовите на Ајакс по четири години поминати во Манчестер Јунајтед.

Играчот кој може да покрие на неколку позиции многу ретко добиваше шанса од Жозе Мурињо, кој по неговиот трансфер во Ајакс упати само пофални зборови за играчот.

-Сакам да му се заблагодарам на Далеј Блинд за се што стори за клубот од неговото доаѓање во 2014 година. Сакам да кажам дека во моите 18 години професионално водење на клубови, Далеј е еден од најпрофесионалните играчи, и на теренот и надвор од него, со кои сум имал задоволство да работа. Би сакал да ја искористам оваа можност и да му посакам се најдобро по неговото враќање во клубот од детството, Ајакс. Му се заблагодарувам од дното на срцето за неговата посветеност во последните две сезони- коментираше Мурињо за клупскиот сајт на Манчестер Јунајтед.

Во четирите сезони колку што остана на „Олд Трафорд“ Блинд собра 90 настапи во Премиер лигата на кои забележа четири погодоци и шест асистенции.

Facebook Коментари