Тоа е Иниеста: Дојде со кутија и им подели дресови на најверните и најупорните фанови (Видео)

don andres

Барселона го победи Реал Сосиедад со 1-0 во последниот меч за оваа сезона во Примера, но резултатот и ремек делото на Филипе Кутињо падна во сенка на Андрес Иниеста кој за последен пат го носеше дресот на шпанскиот гигант.

Тој во завршницата на натпреварот беше заменет, а публиката го испрати со овации, скандирања, аплаузи за се што направи за нив и за клубот низ годините. Дон Андрес доцна во ноќта не сакаше да го напушти „Камп Ноу“ и фотографиите како седи на тревникот на најголемиот европски стадион станаа вирални, меѓутоа тоа не беше се од него и тоа може да се забележи од следново видео.

Имено Иниеста дојде до кутија и им подели дресови на оние најупорните, најверните на оние кои не го напуштија домот на Барселона.

Facebook Коментари