АТП
Титулата во Мадрид донесе нов голем скок за Ивановски на АТП листата

Секој старт на новата седмица носи нова ранг листа на АТП листата, а најновата која е објавена овој понделник ни носи нов голем напредок на нашиот најдобар тенисер.
Младиот Калин Ивановски влезе во импресивна серија на резултати и го освои третиот турнир во кариерата во краток временски интервал, а најновиот успех во Мадрид направи да има скок од 17 места.
Ивановски вчера славеше во шпанската престолнина и го освои третиот трофеј во кратката професионална кариера, која оди во се подобар правец за талентираниот Македонец.
Скокот од 17 места на АТП листата значи дека Ивановски сега е на 610-то место на светското рангирање, а ако продолжи со ова темпо, доста брзо ќе влезе и во топ 500.
Кога е во прашање тениската елита, во ситуација кога нема големи турнири, состојбата на АТП листата останува иста, па така Карлос Алкарас е на првата позиција пред Рафаел Надал, Каспер Руд, Стефанос Циципас и Новак Ѓоковиќ.
-
Светпред 19 часа
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 21 час
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
Шпанијапред 23 часа
Барселона почна преговори за продажба на Белерин после само шест месеци: Се задоволува со минимален надоместок
-
Англијапред 15 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
АТПпред 22 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Македонијапред 20 часа
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Англијапред 14 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 12 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар