Поврзете се со нас

АТП

Титула која ќе ја памети: Синер со страшен пресврт до тронот на АО (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/AustralianOpen

Италијанецот Јаник Синер е наследникот на Новак Ѓоковиќ на тронот на Аустралијан Опен, еден од најпрестижните турнири во светот на тенисот.

Синер во денешното финале против Данил Медведев со епски пресврт успеа да оствари победа по скоро четири часа игра на „Род Лејвер Арена“. Медведев беше далеку подобар, поквалитетен во првите два сета кои ги реализираше со 6-3 и 6-3.

Меѓутоа почнувајќи од третиот сет Јаник заигра на повисоко ниво пред се на својот сервис каде беше сигурен, па се доведе во позиција во десеттиот гејм да направи брејк и дојде до 6-4 и да се врати во игра. По слично сценарио се одвиваше наредната рунда која исто заврши со 6-4 за да во решавачкиот пет сет како клучен се покаже шестиот гејм во кој Синер му го одзема сервисот на Русинот и потоа беше сигурен за 6-3 и прва грен слем во кариерата.

Данил пак може да жали затоа што ова за него е второ финале во Мелбурн кое го губи по водство од 2-0 по она со Рафаел Надал во 2022 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни