Титула број пет во 2019 година: Ѓорческа триумфираше на турнирот во Анталија

lina i dinu

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа ја освои петтата титула на фјучерс турнирите во оваа 2019 година.

И овој пат истата дојде во игра на двојки и тоа во Анталија (Турција) каде славеше заедно со Маријана Дражиќ од Хрватска. Лина и Маријана во завршниот меч за пехарот беа подобри од вторите ноистелки Ева Ведер и Стефани Џудит Вишер од Холандија со 2-1 во сетови.

Првиот сет и припадна на македонско-хрватската комбинација со 7-5, Холанѓанките возвратија со 6-4 за да во решавачката битка бидат подобри со 10-7.

Инаку тетовка во оваа сезона им се радуваше на пехарите во „дубл“ и во Есен, Минск, Хехинген и Гецо.

Воедно вреди да се напомене дека Македонката денеска играше во полуфиналето во сингл, ама загуби од Магдалена Пантучкова од Чешка.

Facebook Коментари