Тите за споредбата меѓу Пеле и Меси: Знаете што правам кога некој ќе ми го спореди Пеле со…

titi-trenerka

Бразилскиот селектор, Тите  даде доста интересен коментар кога беше запрашан да направи паралела меѓу легендарниот Пеле и Лионел Меси.

Тите смета дека споредбата меѓу Пеле и Меси нема никаква смисла и затоа одби да даде детален одговор на тоа прашање.

– Пеле не можете да го споредите со ниту еден играч. Знаете што правам кога некој ќе го спореди Пеле со друг играч или друг спортист? Од едното уво ми влегува, од другото ми излегува. Тоа може да го прави само тој кој не знае каков бил Пеле. Тој беше феноменален. Еднаш реков дека Меси е неверојатен, и мислев дека е неверојатен во оваа ерамеѓу многуте бројни играчи. Пеле е некој кој не може да се смести во обичните параметри и не зборувам така затоа што сум Бразлиец. Него не може да му најдете мана, било какви споредби за мене немаат никаков кредибилитет, -изјави Тите.

Facebook Коментари