Поврзете се со нас

Светски првенства

Тите лут поради лагите за Жезус: Тие луѓе…

Објавено

на

Репрезентацијата на Бразил нема да може да смета на услугите на Габриел Жезус до крајот на шампионатот во Катар што секако е големо разочуварање како за самиот играч така и за екипата, селекторот Тите.

Членот на Арсенал се повреди на дуелот со Камерун е сега го очекува пауза од терените при што ќе мора да пропушти и некои клупски натпревари. Во целата оваа ситуација се појавија вести дека напаѓачот бил повреден пред Мундијалот, односно не бил фит, вести кои го налутија предводникот на „кариоките“.

-Тоа е многу добро прашање бидејќи не ми се допаѓа да слушам лаги, зли лаги. Тие луѓе сакаат да им прават лоши работи на останатите. Во ниту еден момент не играме за победа на ризик или опасност на некој играч. Значи, лажгото е таму, тоа му е името нели? Хејтерите, нели? Тие продолжуваат да даваат омраза, тоа им дава можност, одете и направете нешто друго и престанете да давате лажни вести.

-Арсенал има одличен медицински оддел, ние имаме одличен медицински оддел, ние сме одговорни, ние сме лично одговорни, ние сме етички, тоа никогаш немаше да се случи, -порача Тите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни