Тисељ со жесток и неочекуван напад кон Вујовиќ: Зошто не се бунеше кога…

tiselj-vujo

Словенечката ракометна федерација донесе конечна одлука националниот тим да продолжи на Европското првенство и покрај големите контроверзи кои се случи на мечот со Германија, но наспроти сите напади кои пристигнаа од оваа земја за судискиот двоец и првите луѓе на ЕХФ, сега пристигна и една сосема неочекуван напад, а истиот е наменет за Веселин Вујовиќ.

Популарниот Вујо воопшто не се штедеше и судиите и првите луѓе на ЕХФ ги нарече „дебили“, зборови кои не наидоа на одобрување од страна на угледниот и ценет словенечки стручњак, Тоне Тисељ, човек кој добро го познава актуелниот селектор на Словенците од директните дуели кои ги имаа во минатото крај аут линијата.

Како гостин во телевизијата „ПОП ТВ“, Тисељ зборува за сите сомнителни ситуации во самата завршница од мечот со Германија, но како најглавен го извади заклучокот за Вујовиќ, за кого вели дека не кажува ништо против судиите кога тие судат за него.

– Кога Вујовиќ како тренер на Загреб не елиминираше мене и мојот тим, Целје буквално беше масакриран од страна на судиите. Но, тогаш не кажа ништо лошо, се правеше дека се е регуларно и нормално. Во ракометот, за жал такви работи се случуваат. Некогаш судиите се на ваша страна, некогаш против вас. Изјавите кои ги дава се многу лоши за словенечкиот ракомет, за словенечките играчи и за иднината на Словенија. Изјавите кои ги дава, му прават штета на ракометот. Секоја чест за неговата борбеност и гордоста која ја има, но изјавите кои ги дава го кочат самиот Вујовиќ. Поради ваквите изјави, Вујо не може да води голем клуб или некоја поголема ракометна селекција. Ако сака да биде еден од најдобрите експерти, мора да го искорени ваквиот однос и ваквите изјави, – потенцира Тисељ.

Facebook Коментари