Поврзете се со нас

Италија

Тирам: Сонував за Јувентус уште како дете…

Објавено

на

foto: x.com/juventusfc

Јувентус е активен и влече потези на трансфер пазарот, а еден од нив е ангажманот на францускиот интернационалец, Кефрен Тирам.

Тирам од Ница се пресели во Торино за сума од 20 милиони евра плус 0,6 милион евра кога се во прашање бонуси, поточно Јуве реално за малку пари доби играч кој едноставно може да експлодира и да игра значајна улога во наредниве години.

Тој е пресреќен што ќе игра за Јувентус, тим за кој сонувал уште како мал со оглед на тоа што неговиот татко Лилијан настапуваше за „старата дама“.

-Сонував да му се приклучам на Јувентус уште од дете, па затоа сум многу емотивен и среќен на овој посебен ден. Се сеќавам кога татко ми играше на стадионот Деле Алпи, се сеќавам на Златан Ибрахимовиќ, дека живеев овде и мислев дека мојот брат е најдобар на светот.

-Татко ми зборуваше за Јуве како најголем клуб во Италија, го гледа како најголем клуб во светот, а кога ќе пристигнете во Јувентус, мора да играте за да победите, -порача играчот за врска кој откри дека калчолигашот одамна сакал да го ангажира.

-Првиот контакт со Јуве беше кога играв во Монако, на 17 години. Среќен сум што клубот се врати по мене. Ако се јави Јуве, можете само да кажете „да“, -порача Тирам кој ќе има битки со брат му Маркус кој пак го носи дресот на Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни