Поврзете се со нас

Италија

Тирам со бомбастичен удар го „разнесе“ Реина и ја потврди победата на Интер (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Inter_en

Интер одигра прескромно прво полувреме за свои стандарди против Комо и испрати само еден безопасен шут кон голот на Реина, а очигледно тоа го натера Симоне Инѕаги да го разбуди својот тим на паузата.

Играчите на Интер излегоа со нова енергија во вториот дел и по само 3 минути игра поведоа со голот на Карлос Аугусто, погодок кој дојде по извонредно изведен корнер на Чалханоглу.

Овој гол му го даде потребниот мир на Интер кој преку неколку контра-напади не успеа да го зголеми водството, па така му остави на Нико Паз да има голема шанса за 1:1.

Младиот играч на Комо не ја искористи најдобрата шанса за гостите, а кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши со минимални 1:0, видовме момент на инспорација на Маркус Тирам.

Французинот игра во извонредна форма во последно време, нешто што го потврди и во 92-та минута кога буквално го „разнесе“ искусниот Реина со бомбастичен удар под гредата.

Тирам мајсторски погоди за 2:0, а со тоа Интер го одржа чекорот со водечките две екипи на табелата во Серија А, Аталанта и Наполи.

Голот на Тирам погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни