Поврзете се со нас

Италија

Тирам си постави амбицозна цел по спектакуларната дебитантска сезона во Интер: Веќе не сум познат само како син на Лилијан

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Маркус Тирам имаше дебитантска сезона од соништата во италијанскиот фудбал и навивачите на Интер брзо заборавија на Ромелу Лукаку, бидејќи францускиот напаѓач понуди навистина добри перформанси во друштво на Лаутаро Мартнез.

Играчот кој пристигна како слободен агент беше голема енигма за добар дел од фан базата на Интер, но тифозите брзо се уверија дека се работи за квалитетен фудбалер, кој експерсно ги освои и срцата со своето залагање.

Тирам ја заврши сезоната со 15 постигнати гола и 14 асистенции, а понесен од импресивните бројки, си постави уште поголема и поамбициозна цел за во иднина.

– Јас сум компетитивен и сакам секога да бидам што подобар. Сакам да бидам најдобрата верзија одд себе, мислам дека можам да станам еден од најкомплетните играчи во светот.

– Во првата сезона докажав дека можам да правам оглеми работи, па сега реално замисливо за мене е во блиска иднина да завршам една сезона со 20 постигнати гола и 20 асистенции. Претходно ме знаеја само како синот на Лилијан Тирам, сега ме препознаваат како Маркус Тирам, – вели Французинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни