Поврзете се со нас

Италија

Тирам објасни зошто го одбра Интер пред ПСЖ и Милан

Објавено

на

foto: twitter.com/Inter

Маркус Тирам ја заврши приказната со Борусија Менхенгладбах по крајот на минатата сезона или поточно му заврши договорот и како слободен играч имаше можност да ја избере новата дестинација, новиот клуб во кариерата.

Доста тимови беа заинтересирани за неговите услуги, ПСЖ, Милан беа оние кои беа најупорни, но францускиот репрезентативец се реши на крајот да му каже „ДА“ на Интер, екипата за која има добри настапи во изминатиов период.

-Разговарав со многу клубови и тоа не беше лесен избор. Знаев дека тоа ќе ја дефинира мојата кариера и знам дека ја донесов вистинската одлука.

-Италија ме учи да бидам специфичен во мојата работа. Ова е една од причините зошто го избрав Интер. Ова ќе ми помогне да се вклопам во централната улога. Тоа ми носи и други работи. Во Италија, побараа да ја држам топката, да им ја додадам на играчите од средниот ред и да го нападнам просторот. Тоа е мешавина од многу работи. Морав да научам нови методи и толку многу се подобрив за само неколку месеци, -рече Тирам кој откри дека Интер бил заинтересиран за него уште пред две години.

-Интер ме побара пред две години кога сè уште играв како крилен напаѓач. Меѓутоа веќе ме гледаа како деветка. Не многумина ја имаа оваа визија, но имаа многу прецизна претстава за мојот развој. Знам зошто го направив овој избор. Кој знае фудбал знае што претставува Интер и огромните играчи кои беа во овој клуб.

-Кога го носиме овој дрес, чувствуваме дека носиме историја. Постои неверојатен ентузијазам. Кога ќе сретнам луѓе на улица, сите зборуваат за претстојниот натпревар. Погледнете го дербито. Вревата и емоциите по мојот гол беа неверојатни. Интер е еден од најголемите клубови во Европа. Се приклучив на стабилен тим кој работи добро и кој минатата година стигна до финалето на Лигата на шампионите. Имаат одлични играчи и мојот избор беше поврзан со сето ова, -порача Маркус за „Л’Екип“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни