Поврзете се со нас

Италија

Тирам: Меси ми ги даде своите копачки кога имав 10 години, се уште жалам за тоа што го направив

Објавено

на

foto: twitter.com/Inter

Маркус Тирам почна самостојно да го гради своето име во фудбалскиот свет и со своите партии се дистанцира од популарноста која ја имаше поради својот татко, кој во минатото важеше за еден од најдобриоте дефанзивци во светот.

Лилијан остави длабока трага во францускиот и европскиот фудбал и неговите два сина станаа професионални фудбалери, но далеку попознат е Маркус кој изминатово лето премина во Интер и почна извонредно во својата авантура во Серија А.

Маркус има 26 години и вели дека добро се сеќава на завршницата од кариерата на неговиот татко, кој во еден момент ја делеше соблекувалната и со Лионел Меси.

– Кога имав 10 години, се сеќавам дека отидов на еден тренинг на Барселона, но заминав без копачки. По крајот на тренингот, сакав да излезам на терен со другите деца, а Меси тогаш беше многу млад.

– Лео носеше речиси мој број на копачки, јас имав 38-ка, а тој 40-ка. Ми ги остави неговите копачки за да играм на теренот, а потоа ми рече да ги задржам за себе. Имав 10 години и не можев да претпоставам што ќе се случи со него. Следниот ден ги подарив тие копачки на мој пријател и можам да ви кажам дека до ден денеска жалам за тоа, – открива Тирам.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни