Италија
Тирам и Лаутаро инспиратори на победата на Интер во Торино

Интер имаше еден непријатен кикс со Болоња пред почетокот на репрезентативната пауза, но две недели подоцна, избраниците на Симоне Инѕаги одговорија на доста добар начин.
Гостувањето во Торино никогаш не е лесно сценарио за било кој ривал, а Интер успеа да го скрши отпорот во второто полувреме во кое ги постигна сите три гола.
Гостите од Милано се мачеа да го скршат мразот, но откако Маркус Тирам погоди за 0:1 по додавањето од Дамфрис, работите значително се олеснија и играчите на Интер почнаа да играат поопуштено.
По еден корнер, Лаутаро Мартинез беше на вистинско место и погоди за 0:2, а во судиското продолжение во листата на стрелците се запиша и Чалханоглу кој изведе пенал.
Со новите три бода, Интер се враќа на врвот на табелата во Серија А, во исчекување на резултатот од натпреварот кој ќе го игра Милан против Јувентус.
-
Италијапред 24 часа
Галјардини му се потсмеваше во лице на Рабио, доби одговор две минути подоцна (Видео)
-
Европски првенствапред 13 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Шпанијапред 12 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 21 час
Лазаров: Самсоненко ми понуди поголема плата, но јас веќе ја избрав Барселона
-
Македонијапред 15 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
НБАпред 23 часа
Нуркиќ го предизвика Јокиќ, но и му помогна на Денвер со потег во самиот финиш (Видео)
-
Италијапред 10 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)