Поврзете се со нас

Италија

Тирам го забележа својот брат на теренот, па се погрижи за вирална сцена во Италија (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Inter

Лилијан Тирам како горд татко ја гледаше пресметката меѓу Јувентус и Интер која се одигра во Торино, пред се поради фактот што на теренот се најдоа неговите двајца синови.

Телевизиската камера често го ловеше легендарниот Французин кој беше во ВИП ложата, но во второто полувреме, Симоне Инѕаги се погрижи да видиме и братска пресметка на теренот.

Кефрен Тирам беше во стартната постава на Јуве и играше до 77-та минута, додека Маркус влезе како резерва и имаше можност десетина минути да игра против својот брат.

Популарниот „Тикус“ како повозрасен брат веднаш му стави до знаење на Кефрен дека се ривали на теренот, па нивниот дуел предизвика навистина симпатични реакции на социјалните мрежи.

На крајот, поголема причина за радост имаше помалиот брат, бидејќи неговиот Јувентус победи со 1:0 благодарение на голот на Консеисао.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни